15/10/2008
ТИРАНА, Албанија -- Aмбасадорите од земјите на ЕУ во вторникот (14-ти октомври) изразија загриженост поради одлуката на албанската влада за истрага во врска со законитоста на обвинителската истрага за босанскиот бизнисмен Дамир Фазлиќ. Потегот претставува сериозно мешање во судската работа, предупредија тие. Фазлиќ, наводно, извршил нелегална финансиска активност и имал несоодветни бизнис односи со владини претставници, вклучително и со премиерот Сали Бериша. (ВОА, ББС, Алсат, Клан - 14/10/08)