ЕУ вети дека ќе помогне во спроведувањето на нејзините правила во турскиот дел на Кипар

15/10/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во вторникот (14-ти октомври) рече дека ЕУ ќе ја понуди својата експертиза за помош во спроведувањето на правилата на Унијата во турскиот дел на Кипар, откако ќе биде постигнат напредок во тековните разговори за повторно обединување. Баросо и кипарскиот претседател Деметрис Христофиас постигнаа договор за иницијативата на нивниот состанок во Брисел. Протоколот 10 од Спогодбата за пристап во ЕУ за Кипар нуди основа за спроведување на правните одредби на ЕУ во турскиот дел, во рамките на идната федерација. (Симерини - 15/10/08; КНА, Филелефтерос - 14/10/08)