Бугарија ќе го испитува финансирањето на кампањата на владејачката партија

15/10/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Канцеларијата на главниот обвинител во вторникот (14-ти октомври) објави дека побарала од Националната агенција за безбедност (НСА) да го испита финансирањето на кампањата на владејачката Бугарска социјалистичка партија (БСП) во 2005 година: особено донациите на три претпријатија во сопственост на бизнисменот Марио Николов. Цветан Цветанов, водач на Граѓаните за европски развој на Бугарија, ги поднесе документите минатата недела, посочувајќи дека БСП добила донации во вредност од 77.000 евра од претпријатијата. Средствата отишле во рацете на 15 лица, кои подоцна ги донирале, под сопствено име, на БСП. Николов, исто така, се појавува во извештајот од јули на Европската канцеларија против измами, која откри злоупотреби од 32 милиони евра од средствата наменети за Бугарија во рамките на програмата САПАРД. (Дарик, novinite.com, Meдиапул, БНР, БТA - 14/10/08)