Српската влада ги одбележа првите 100 дена на власт

15/10/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Владата ги одбележа своите први 100 дена на власт во вторникот (14-ти октомври) со прес-конференција на премиерот Мирко Цветковиќ. Неговата листа на големи постигнувања го вклучуваше и ратификувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, потпишувањето на договорот за гас со Русија и добивањето средства за изградбата на Коридорот 10, како и неодамнешниот успех на Белград во изнесувањето на прашањето на косовската независност пред Меѓународниот суд на правдата. Цветковиќ, сепак, призна дека првите 100 дена претежно биле за „консолидирање на работата“ и да се зајакнат односите во владејачката коалиција. Тој вети дека вистинските резултати ќе следат допрва. Опозицијата даде многу поразлична слика, оценувајќи ја владата со 1,5 на скалата од 20 поени. (Политика, Данас - 15/10/08; Б92, Фонет, РТС, Танјуг - 14/10/08)