15/10/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Полицијата во БиХ во вторникот (14-ти октомври) уапси четворица босански Срби осомничени дека извршиле злосторства против човештвото во 1992 година. Полицајците од Агенцијата за истраги и заштита ги уапсија Милорад Скрбиќ, Милорад Радаковиќ, Гордан Ѓуриќ и Љубиша Цетиќ во општините Приедор и Сански Мост во координирана операција. Четворицата, наводно, убиле повеќе од 200 босански муслимани и Хрвати на планината Власиќ во август 1992 година.
Во другите вести, две масовни гробници со остатоците на убиените Роми од Скелане и Сребреница, се откриени на католичките гробишта во селото Босански Дубочац, објавија локалните медиуми. Нијаз Чаушевиќ Медо, поранешен висок офицер на хрватската армија, вели дека одреден број хрватски генерали ги наредиле убиствата. Тој се понуди да сведочи пред судот на БиХ ако добие заштита. (Бета, Б92, Глас Српске, РТРС, Ројтерс - 14/10/08)