15/10/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак во вторникот (14-ти октомври) призна дека концептот на мултиетничка држава БиХ е тешко да се оствари, иако тој сé уште не пропаднал. Во интервју за германскиот весник „Дер Шпигел“ Лајчак рече дека меѓународната заедница нема да дозволи отцепување или референдум за независност во Република Српска (РС), бидејќи тоа „би ја преминало црвената линија на меѓународната заедница“. Ниту, пак, рече тој, РС може економски да опстане како независна држава.
Запрашан дали е можно да ги искористи своите надлежности за да го смени премиерот на РС Милорад Додик, Лајчак одговори дека отпуштањето не би помогнало да се подобри ситуацијата. Сепак, тој призна дека Додик се заканува дека ќе ја уништи БиХ на полесен и легален начин, повлекувајќи ги своите министри и пратеници од централните државни институции. (Шпигел, РТРС, Бета - 14/10/08)