12/10/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик во саботата (11-ти октомври) се закани дека ентитетот ќе се отцепи од БиХ ако тој биде отстранет од функцијата. Во интервју за телевизијата на РС во Бања Лука, Додик рече дека има план, ако високиот претставник Мирослав Лајчак го отпушти. Ако се случи тоа „ќе ја поведам РС по патот на независноста“, рече Додик. Во изјавата од петокот Лајчак го предупреди политичарите во БиХ да престанат со едностраните закани против Дејтонскиот мировен договор и, наместо тоа, да се фокусираат на приоритетите за ЕУ на земјата.
Во другите вести, полицијата во саботата уапси три лица за наводно поставување експлозивна направа во супермаркет во Витез минатата недела. Направата експлодираше во четвртокот, при што едно лице загина, а пет други беа повредени. (РТРС, СРНА, АФП, Бета, Б92, РТС - 11/10/08; OХР - 10/10/08)