12/10/2008
ХАГ, Холандија -- Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг во петокот (10-ти октомври) објави дека го прими официјалното барање на Србија за утврдување на легитимноста на косовската самопрогласена независност. За слични случаи досега била потребна година за да се донесе одлука. Генералното собрание на ОН во средата одлучи да го испрати прашањето до МСП. Околу 50 земји досега ја признаа еднострано прогласената независност на Косово. (AФП, АП, РТС, Бета, Блиц - 10/10/08)