12/10/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Поранешниот заменик-претседател на Српската радикална партија (СРС) Томислав Николиќ во петокот (10-ти октомври) објави дека неговата нова Српска напредна партија (СНС) е официјално регистрирана. Николиќ и поранешниот генерален секретар на СРС Александар Вучиќ ги поднесоа документите потребни за регистрирање партија во Министерството за јавна администрација и локална самоуправа, вклучително и уште 10.000 други потписи од јавноста. Николиќ вели дека СНС наскоро ќе стане најсилната партија во Србија. (Правдa - 11/10/08; Taнјуг, Б92, ДПА, Бета, РТРС - 10/10/08)