12/10/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Обвинителите во Дубровник подигнаа обвиненија против поранешниот градоначалник на Требиње Божидар Вучуревиќ, објавија локалните медиуми во неделата (12-ти октомври). Вучуревиќ е осомничен за вршење воени злосторства врз цивили и уништување културни и историски споменици помеѓу 1991 и 1995 година. Истражен судија издаде налог за апсење. Обвинителите велат дека Вучуревиќ, индивидуално и во соработка со поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ, ја планирал, поттикнал, наредил и поддржувал идејата за создавање Голема Србија, со окупирање и интегрирање на делови од хрватската територија и со казнување на хрватското население таму. Медиумите во Босна и Херцеговина пред еден месец објавија дека Вучуревиќ доживеал срцев удар и дека заздравува во болница во Требиње. (ХРТ, РТРС, СРНА, Монитор, Јутарњи лист - 12/10/08)