Хрватска ќе усвои закон против мафијата

12/10/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Претседателот Стипе Месиќ и премиерот Иво Санадер во петокот (10-ти октомври) објавија дека наскоро ќе биде усвоен закон против мафијата, кој ќе ја зајакне соработката меѓу властите задолжени за безбедноста во државата. Одлуката уследи по убиството во мафијашки стил на 26-годишната Ивана Ходак, ќерка на познат адвокат, на сред бел ден во Загреб, на 6-ти октомври. По состанокот на Националниот совет за безбедност, Санадер рече дека пакетот предвидува земање промероци од ДНК од сите осуденици во земјата, што е вообичаена практика во некои европски земји. Пакетот, исто така, предвидува формирање национална канцеларија на полицијата. (Maкфакс - 11/10/08; Javno.com, ХРT - 10/10/08)