Кипарските водачи се согласија да ги забрзаат разговорите за пристап

12/10/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- Претседателот Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, во петокот (10-ти октомври) во Никозија се согласија да ги забрзаат разговорите за повторно обединување на островот. Специјалниот претставник на ОН за Кипар, Александар Даунер, по состанокот објави дека тие сега ќе се состануваат секоја недела. Состанокот во петокот се фокусираше на идното федерално управување. Тие ќе се состанат повторно в понеделник, на разговори околу имотното прашање. (Фамагуста газете - 12/10/08; Нафтемборики, веб-страница на ОН, АФП, Хуријет - 10/10/08)