07/10/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Државните службеници во понеделникот (6-ти октомври) објавија дека ќе започнат предупредувачки штајк в четврток, откако пропаднаа разговорите за зголемување на платите помеѓу претставниците на синдикатите и министерот за економија, Варујан Восганијан. Државните службеници бараат 50 отсто зголемување на платите, исто како она што го добија наставниците. Синдикатите кои ги претставуваат здравствените работници, исто така, бараат 50 отсто зголемување на платите за своите членови. (Адеварул, Евениментул зилеи, Котидианул - 07/10/08. Mедиафакс, Агерпрес, Зиаре, Реалитатеа TВ - 06/10/08)