Грчката влада го поднесе буџетот за 2009 година до парламентот

07/10/2008

AТИНА, Грција -- Владата во понеделникот (6-ти октомври) го поднесе својот предлог-буџет за 2009 година пред парламентот, вклучително и осумте главни цели за следната година. Истиот предвидува понатамошно намалување на дефицитот, зајакнување на фискалната транспарентост, рационализација на управата во државните претпријатија, локалната власт и државните болници, спроведување дополнителни даночни реформи, намалување на невработеноста, решавање на проблемот со сиромаштијата преку операција на Националниот фонд за социјална кохезија и интензивирање на развојот на провинциите во државата, како и зголемување на инвестициите и гарантирање на задолжителни стапки на раст. Предлог-буџетот предвидува раст од 3 отсто на БДП и намалување на дефицитот од 1,8 отсто од БДП во 2009 година. (Tо Вима, Та Неа, Елефтеротипија - 07/10/08; AНА-МПА, ЕРТ, АП, Нафтемборики, Катимерини - 06/10/08)