07/10/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Бугарија ги поддржува сите резолуции на Советот за безбедност на ОН кои ја осудуваат турската инвазија на Кипар во 1974 година и повикуваат на повлекување на турските војници од островот, рече во понеделникот (6-ти октомври) претседателот Георги Парванов, по состанокот со својот грчки колега Деметрис Христофиас. „Кипар мора да ја задржи унитарната, суверена држава, при што суверенитетот ќе биде проширен на целиот остров“, рече тој на заедничката прес-конференција. Парванов, исто така, го поздрави почетокот на директните разговори за повторно обединување помеѓу двете кипарски заедници. Тој истакна дека иако целата негова земја го поддржува пристапот на Турција во ЕУ, Анкара мора да ги почитува вредностите на ЕУ. (БНР, БТА, Дарик, КНА - 06/10/08)