07/10/2008
AНКАРА, Турција -- Владата ќе подготви нова стратегија за борбата против тероризмот, рече во понеделникот (6-ти октомври) вицепремиерот и претседател на Високиот одбор за контратероризам (ТМЈК), Чемил Чичек. Овој потег уследи по нападот во петокот од страна на членовите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) во кој загинаа 15 турски војници. Новите мерки се наоѓаат на агендата за следниот состанок на ТМЈК в четврток. Чичек го истакна времето на нападот, само неколку дена пред очекуваното гласање во парламентот за предлогот за продолжување на овластувањата на армијата за спроведување на прекуграничните операции во северен Ирак за уште една година.
Во неделата Турција побара од САД поширока соработка во борбата против ПКК. Ертугрул Апакан, подсекретарот на Министерството за надворешни работи, се состана со американскиот амбасадор во Турција, Рос Вилсон. Турција, исто така, ги повика ирачките власти да ги уапсат одговорните за нападот на ПКК и да спречат слични вакви инциденти.
Турската армија вели дека продолжува со „казнените“ воздушни операции против позициите на ПКК во северен Ирак и во југоисточната турска провинција Хакари. (Заман, Милијет, новинска агенција Анадолу, Хуријет, НТВ, СНН Турк, новинска агенција Доган - 06/10/08