Караџиќ сака пристап до документацијата за договорот со Холбрук

07/10/2008

ХАГ, Холандија -- Поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ, во понеделникот (6-ти октомври) објави дека побарал од Трибуналот на ОН за воени злосторства да му ги даде сите документи поврзани со предлогот што поранешниот американски претставник за Балканот, Ричард Холбрук, наводно му го дал. Според Караџиќ, Холбрук му ветил во јули 1996 година дека Трибуналот на ОН нема судски да го гони ако се откаже од политиката. Караџиќ инсистира дека пристапот до сите документи поврзани со тој договор ќе му помогнат да ги одбие обвиненијата за воени злосторства против него. Караџиќ, исто така, ги побара документите поврзани делумно со американските напори за мировни разговори во Босна и Херцеговина помеѓу 1995 и 1997 година, односите помеѓу САД и ОН, и документите кои се однесуваат на политиката на ОН. (Taнјуг, РТС - 06/10/08)