07/10/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Парламентарниот Комитетот за безбедност во понеделникот (6-ти октомври) му предаде на градоначалникот на Митровица, Бајрам Реџепи, седум препораки за воспоставување на владеењето на правото низ целиот поделен град, чиј северен дел е претежно населен со Срби. Не е објавена содржината на истите. Реџепи, од своја страна, рече дека српската заедница почна да ја прифаќа новата реалност во Митровица и Косово и покрај притисокот од паралелните српски структури.
Во Приштинам Рамуш Харадинај, водачот на опозицискиот Сојуз за иднината на Косово, продолжи со критиките до владата во понеделникот, во врска со ситуацијата во Митровица, велејќи дека истата бара силна посветеност од локалните институции за нејзино решавање.
Исто така во понеделникот, владини претставници објавија дека Косово наскоро ќе има Уставен суд, независна институција со свој сопствен буџетски менаџмент и администрација. Судот ќе го сочинуваат девет судии со деветгодишен мандат. (Зери, Коха Диторе, Експрес, РТК, Телеграфи - 07/10/08)