Македонските водачи останаа поделени во врска со спорот околу името со Грција

07/10/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Политичките водачи се состанаа во понеделникот (6-ти октомври), но не постигнаа заедничка позиција околу долготрајниот спор околу името со Грција. Тие се надеваа на консензус пред состанокот во вторникот во Њујорк помеѓу претставникот на ОН во спорот, Метју Нимиц, и претставниците во Атина и Скопје во разговорите. Премиерот Никола Груевски и неговите коалициски партнери и понатаму инсистираат на тоа дека двојната формула, според која земјата ќе го задржи своето уставно име но ќе користи друго на меѓународно ниво, претставува најдобро решение за спорот околу името. Претседателот Бранко Црвенковски и две помали партии ја отфрлаат двојната формула. (MИА, Макфакс - 06/10/08)