Србија ја предупреди Црна Гора за евентуалното признавање на Косово

07/10/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во понеделникот (6-ти октомври) ја предупреди соседна Црна Гора да не ја признава независноста на Косово, велејќи дека Србија ќе одговори со неидентификувани реципроцитетни мерки. Црногорските политичари минатата недела навестија дека земјата би можела да им се придружи на САД и повеќето членки на ЕУ во признавањето на Косово, со оглед на тоа што неговата независност веќе претставува факт. Јеремиќ го опиша ваквиот чекор како „забивање нож во грб“.

Генералното собрание на ОН в среда ќе гласа за српската иницијатива за изнеснување на косовското прашање пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) за одлука. Специјалниот претставник на ЕУ во Косово, Питер Фејт, рече дека, иако Србија има легитимно право да побара мислење од МСП, прашањето за независноста е затворено. Тој говореше на конференцијата организирана од Клубот за надворешна политика во Приштина. (Коха Диторе, Експрес, Зери, Косова Сот - 07/10/08; Бета, Танјуг, Б92, АП, Кохавижн, РТК - 06/10/08)