Лајчак ги пофали успешните локални избори во БиХ и повика на враќање на агендата за ЕУ

07/10/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак во понеделникот (6-ти октомври) ги поздрави успешните локални избори изминатиот викенд и им се заблагодари на сите официјални претставници, набљудувачи и доброволци низ цела БиХ за тоа што се погрижија на изборите да не се случат некои поголеми инциденти. Тој, исто така, ги повика политичките партии веднаш да се вратат на агендата за ЕУ и да ги исполнат преостанатите цели и услови што ги постави Управниот одбор на ПИК во февруари. „Очекувам сите да го фокусираат своето внимание на клучниот приоритет за БиХ во следните месеци -- целосното исполнување на Договорот за стабилизација и асоцијација“, рече Лајчак. Тој инсистираше на тоа дека главната среднорочна цел треба да биде решавањето на прашањето на државниот имот и идниот статус на Брчко, кои се предуслови за затворање на неговата Канцеларија на високиот претставник. (OХР, Макфакс - 06/10/08)