07/10/2008
ПРИШТИНА, Косовo -- Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс, во вторникот (7-ми октомври) рече дека американските војници остануваат во Косово барем до крајот на 2009 година. Гејтс, кој е во еднодневна посета на Приштина, ја потврди поддршката на Вашингтон за младата држава. Тој е највисок американски претставник кој го посетил Косово откако прогласи независност од Србија на 17-ти февруари. Гејтс се состана со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи. Сејдиу им се заблагодари на САД за нивната континуирана поддршка и изрази лична благодарност до Гејтс за неговите заложби. Гејтс рече дека разговорите биле продуктивни и ја потврди американската посветеност на сите граѓани на Косово. Гејтс, исто така, треба да ги посети 1.600-те американски војници кои служат во Косово. Подоцна истиот ден, Гејтс ќе отпатува во Охрид, Македонија, за да присуствуа на дводневниот состанок на министрите за одбрана од Југоисточна Европа. (AП, Ројтерс, ИТАР-ТАСС, АФП - 07/10/08)