Австрија го екстрадира поранешниот хрватски генерал Загорец

03/10/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Австрија во четвртокот (2-ри октомври) го екстрадираше поранешниот хрватски генерал Владимир Загорец, кого Хрватска го бараше на основа на обвиненијата за проневера на дијаманти вредни 5 милиони евра, купени со владини пари. ББС објави дека тој, наводно, ги земал скапоцените камења од дилер на оружје додека бил заменик-министер за одбрана за време на војната во Хрватска во 1990-тите. Дијамантите биле гаранција против испораката на противавионски проектили -- што значело кршење на ембаргото на ОН. Загорец, кој живеел во Австрија во изминатите осум години, ги негира наводите. Австриската полиција го уапси во Виена на 26-ти септември. Тој беше пуштен со кауција во тоа време, по првичното апсење во март 2007 година. (ББС, АПА, АП, Ројтерс, Javno.com - 02/10/08)