ЕУ ја повика Турција да го осовремени својот устав

03/10/2008

АНКАРА, Турција -- Време е Турција да го осовремени својот устав на начин на кој ќе ја одразува целата земја и општество, рече портпаролката на комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен, Кристина Наѓи. Турција мора да спроведе сеопфатна и стабилна политичка реформска програма, додаде Наѓи. Земјата треба, исто така, да спроведе судски реформи и да ги зајакне правата на синдикатите, рече таа, опишувајќи го пристапувањето на Турција во ЕУ како долг и тежок процес, при што реформскиот процес е исто онолку важен колку и самото членство. Наѓи истакна дека нови поглавја во процесот на преговори на Турција ќе бидат отворени во декември, покрај осумте што се веќе отворени. (Mилијет - 03/10/08; новинска агенција Анадолу, Хуријет - 02/10/08)