03/10/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Премиерот Хашим Тачи во четвртокот (2-ри октомври) рече дека новиот бран држави што се решиле да ја признаат независноста на Косово ќе ги изненади властите во Белград. „Бројот на земји ... ќе расте“, рече Тачи, припишувајќи го ова на заедничката работа на домашните институции и поддршката од меѓународната заедници. Досега 47 земји ја признаа самопрогласената независност на Косово од Србија, вклучително и 21 земја на ЕУ.
Исто така во четвртокот, српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во интервју за Б92 рече дека очекува Меѓународниот суд на правдата да донесе пресуда дека косовското прогласување независност претставува кршење на меѓународното право. Според Јеремиќ, оваа одлука ќе го пресечи патот на Косово до сите меѓународни организации и ќе ги натера некои земји да го повлечат своето признавање.
Во другите вести од четвртокот, околу 2.000 Срби протестираа мирно во поделениот град Митровица против распоредувањето на мисијата предводена од ЕУ, ЕУЛЕКС, во Косово. (AФП, Б92, Дојче Веле, Фонет, Бета, Танјуг, Наслови - 02/10/08)