30/09/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Земјоделците од цел Кипар во понеделникот (29-ти септември) започнаа протести блокирајќи ги главните патишта со трактори, камиони и земјоделски возила. Тие, исто така, поставија блокади во близина на претседателската палата во главниот град Никозија. Демонстрантите сакаат финансиска компензација за огромната суша ова лето, која предизвика штета на посевите. Тие бараат состанок со претседателот Деметрис Христофиас за да побараат повеќе од половина поголема субвенција од предложената од 145 милиони евра. Државата им понуди на земјоделците 67,5 милиони евра. (Фамагуста газете, Филелефтерос, Политис - 29/09/08)