30/09/2008
ТИРАНА, Албанија -- Политичките партии во понеделникот (29-ти септември) се согласија да предвидат 30 отсто од своите кандидатски листи за жените. Тоа значи дека ќе има 42 жени во парламентот од 130 места почнувајќи од следната година, за разлика од сегашните десет. Повеќето жени се на високи функции во своите партии. (Коха Јоне, Газета шкиптаре, Шкип - 29/09/08)