Новинари одржаа митинг против зголемувањето на стапката на криминалот во Загреб

30/09/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Десетици новинари се собраа во центарот на Загреб во понеделникот (29-ти септември) протестирајќи против несправувањето од страна на полицијата со растечката стапка на криминал во главниот град. Тие протестираат четири месеци откако напаѓачи го претепаа новинарот на „Јутарњи лист“ Душан Миљуш на улица. Полицијата сé уште не ги пронајде виновниците. Криминалот е долгогодишна тема на интерес на Миљуш. Тој ги идентификуваше луѓето поврзани со шверцот на оружје помеѓу ЕУ и поранешна Југославија. (ХРТ, Ројтерс, Јавнo - 29/09/08)