30/09/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Европската комисија во понеделникот (29-ти септември) усвои план за финансиска помош за кандидатите и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ. Комисијата ќе им додели 4,5 милијарди евра помош до 2010 година на шест балкански земји и Турција, вклучително и одделна субвенција за Косово, вредна 359,1 милион евра. Помошта ќе се фокусира на подобрувањето на управувањето и владеењето на правото, поддршката на економскиот и социјалниот развој и помошта за земјите-кандидатки во усвојувањето на закони, во согласност со оние на ЕУ, како и на градењето на нивниот капацитет за спроведување на законите. Таа, исто така, ќе поддржува некои програми од повеќекратна полза, поврзани со прекуграничната соработка. (РТК, Б92, Форбс - 29/09/08)