Бугарија, Романија и Србија ќе соработуваат против криминалот

30/09/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Бугарија, Србија и Романија во понеделникот (29-ти септември) потпишаа договор за соработка во борбата против криминалот. Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, бугарскиот министер, Михаил Миков, и романскиот министер, Кристијан Давид, го потпишаа документот. Еден од главните проблеми во регионот е шверцот со цигари, рече Дачиќ, кој беше домаќин на церемонијата на потпишување. Во првите осум месеци од годинава, царинските власти запленија околу 13.000 сандаци цигари на бугарско-српската граница. Документот потпишан во понеделникот, исто така, го одбележува почетокот на процедурата за олеснување на прекуграничните процедури за оние што живеат во близина. Трите земји, исто така, ќе учествуваат во антитерористичката вежба во Србија, која ќе симулира напад на хидроелектрична централа. Документот, исто така, предвидува соработка и поддршка во справувањето со природните катастрофи. (БНР, веб-страница на бугарското Министерство за внатрешни работи, Фокус, РТС - 29/09/08)