28/09/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Извествувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Хрватска, Ханес Свобода, во петокот (26-ти септември) рече дека ако сé оди според планот, Хрватска ќе може да ги комплетира своите разговори за пристап во ЕУ до крајот на 2009 година и да пристапи во блокот во 2011 година. Говорејќи во Задар на дводневната конференција за изгледите за влез во ЕУ на различни земји од Југоисточна Европа, Свобода рече дека завршувањето на разговорите за пристапување во ЕУ зависи од владата во Загреб, како и од ЕУ, и додаде дека Хрватска треба да стори повеќе за борба против корупцијата и реформа на своето судство. (РадиоНЕТ, Хина, Дневник, МИА - 27/09/08)