Пожар затвори аеродромски терминал во Букурешт

28/09/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Пожар доведе до затворање на терминал на меѓународен аеродром во Букурешт во саботата (27-ми септември). Властите ги евакуираа патниците и персоналот. Аеродромот продолжи со нормалната работа откако пожарникарите го ставија под контрола пожарот, кој изби во подрумот на терминалот. Властите објавија дека нема жртви, ниту повредени. (Hotnews.ro, Meдиафакс, ИТАР-ТАСС - 27/09/08)