28/09/2008
СОФИЈА, Бугарија/АТИНА, Грција -- Руски или украински товарен брод кој превезувал старо железо потона во бугарските води, покрај крајбрежјето на Црното Море во саботата (27-ми септември), објавија поморските власти. Според извештаите на медиумите, сите членови на екипажот се исчезнати.
Во меѓувреме, сомалиски пирати во саботата запленија грчки танкер, трет ваков инцидент со грчки брод во изминатите неколку недели, објави грчкото Министерство за поморска трговија. Танкерот испловил од Романија за Обединетите Арапски Емирати. (ББС - 28/09/08; РИА Новости, БГНЕС, Стандард, Нетинфо - 27/09/08)