28/09/2008
АТИНА, Грција -- Властите во саботата (27-ми септември) го ослободија поранешниот припадник на власта на Садам Хусеин, кого Ирачаните, наводно, го киднапираа за откуп. Полицијата не го објави името на мажот, ниту пак неговата поранешна позиција. На 18-ти септември неговата сопруга, наводно, ги известила властите дека тој е киднапиран во Атина и дека добила писмо за откуп од 20.500 евра. Полицијата го пронајде во напуштена зграда и уапси четворица осомничени Ирачани. Поранешниот функционер планирал да бара политички азил во Белгија. (AФП, РИА Новости - 27/09/08)