Tурскиот суд подигна обвиненија против осомничените активисти на Ергенекон; воени авиони ја нападаа ПКК во северен Ирак

28/09/2008

АНКАРА, Турција -- Судот во Истанбул во саботата (27-ми септември) подигна обвиненија против шест лица, во врска со нивните наводни врски со националистичката организација Ергенекон. Полицијата го пренесе познатиот новинар Тунчај Озкан, жесток противник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), во затворот во Истанбул, заедно со петмина други осомничени. Властите во вторникот ги уапсија сите шест лица. Тие, наводно, й припаѓале на организацијата Ергенекон, која владата ја обвинува за заговор за државен удар.

Во другите вести, војската во петокот (26-ти септември) потврди дека турски воени авиони во четвртокот нападнале цели во северен Ирак за кои постои сомневање дека се на Курдистанската работничка партија (ПКК). Припадниците на ПКК велат дека бомбардирањето траело скоро два часа. Едно лице било повредено и една куќа била уништена. (Хуријет, Милијет, Чумхуријет - 28/09/08; новинска агенција Анадолу - 27/09/08, Tурски дневни вести - 27/09/08; Ројтерс - 26/09/08)