Генералното Собрание ќе гласа за српската иницијатива за МСП на 8-ми октомври

28/09/2008

ЊУЈОРК, САД -- Српскиот претседател Борис Тадиќ и министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во саботата (27-ми септември) ја завршија скоро еднонеделната посета чија цел беше да се обезбеди поддршка од Генералното собрание на ОН за иницијативата на Србија за барање мислење од Меѓународниот суд на правдата (МСП) во врска со легитимноста на самопрогласената независност на Косово. Јеремиќ во саботата за Фонет изјави дека Генералното собрание на ОН ќе гласа за српската иницијатива на 8-ми октомври. Тој рече дека следните десет дена ќе бидат клучни за да се види дали неговата земја ќе освои мнозинство гласови во собранието. (Фонет, Танјуг, Б92 - 27/09/08)