28/09/2008
ВАШИНГТОН, САД -- Белата куќа во петокот (26-ти септември) го поздрави ратификувањето на албанскиот и хрватскиот протокол за влез во НАТО од страна на американскиот сенат. Секретарот за комуникации со медиумите на Белата куќа, Дана Перино, рече дека двете земји учествуваат активно во заедничките воени операции со НАТО и неговите сојузници и дека нивниот престоен влез во Алијансата ќе помогне да се затвори мрачното поглавје од балканската историја. Перино додека дека се надева оти Македонија, исто така, ќе влезе во НАТО откако ќе го реши својот долготраен проблем околу името со Грција. (Дојче Веле - 27/09/08; AФП - 26/09/08)