28/09/2008
ЊУЈОРК, САД -- Турскиот министер за надворешни работи, Али Бабаџан, во саботата (27-ми септември) во Њујорк се состана со својот ерменски и азербејџански колега, Едвард Налбандијан и Елмар Мамедјаров. Состанокот се одржа на маргините од 63-тата сесија на Генералното собрание на ОН. Тројцата дипломати по разговорите објавија дека го делат истиот став во врска со ситуацијата на Кавказот, додавајќи дека регионот има голем потенцијал.
Исто така во саботата, Бабаџан се состана со грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани. Двајцата дипломати разговараа за кипарското прашање и заедничката прес-конференција изјавија дека ја поддржуваат иницијативата на водачите на двете заедници во Кипар за ставање крај на долготрајниот спор околу островот. (Милијет, Сабах, АНА-МПA - 27/09/08)