28/09/2008
ВИЕНА, Австрија -- Полицијата во петокот (26-ти септември) во Виена го уапси поранешниот хрватски генерал и заменик-министер за одбрана, Владимир Загорец, кој се соочува со обвиненија за проневера во неговата земја. Обвинителството објави дека Австрија ќе го екстрадира Загорец во Хрватска. Полицијата го уапси првпат во Виена во март 2007 година. Но, тој плати кауција од еден милион евра и беше ослободен додека Загреб не покрена обвинение против него. Загорец, наводно, украл 5 милиони евра од државни пари.
Во другите вести, Судот за воени злосторства во Белград во петокот отпочна истрага против Питер Егнер, поранешен офицер на Гестапо кој сега живее во Соединетите Држави, а кој наводно убил илјадници цивили за време на Втората светска војна. Обвинителите велат дека како офицер на Гестапо во 1941 и 1942 година, Егнер формирал и работел во неколку концентрациони логори во Белград и учествувал во убиствата на цивили, вклучително и жени и деца. (AПA, Javno.com, ХРТ, Вечерњи лист - 27/09/08, Taнјуг, Б92 - 26/09/08)