22/09/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Уредниците на локалната интернет страница svevijesti.ba во неделата (21-ви септември) објавија дека примиле смртни закани откако побарале од посетителите на страницата да пријават корупција во системот на високо образование на земјата.
Минатата недела хрватската полиција уапси 90 лица, вклучително и 21 професор од Загребскиот универзитет, како дел од операцијата против корупцијата. Во својот минатогодишен извештај за проширувањето на крајот од 2007 година Европската комисија објави дека корупцијата е раширена и длабоко вкоренета во балканските земји кои сакаат да пристапат во ЕУ. (AФП, Фена, Свевијести - 21/09/08)