Пожарот во хрватскиот туристички град ставен под контрола

22/09/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Пожарникарите во неделата (21-ви септември) успеаја да го стават под контрола огромниот пожар кој ја уништи боровата шума во петокот во близина на туристичкиот град Макарска, на хрватското јадранско приморје. Се верува дека катастрофата зафатила површина од околу 600 хектари. Во операцијата беа вклучени помеѓу 350 и 400 пожарникари, како и повеќе од 90 возила од целата земја. Три хеликоптери се приклучија на напорите во неделата наутро и откако престанаа силните ветришта, беа искористени и еден канадски авион и друга специјална опрема. (ХРТ, Вечерњи лист - 21/09/08)