Тринаесет новороденчиња починаа во турска болница

22/09/2008

АНКАРА, Турција -- Тринаесет новороденчиња починаа во рок од 24 часа изминатиот викенд во болници во западниот град Измир, според шефот на локалната здравствена управа, Мехмет Озкан. Тој во понеделникот (22-ти септември) објави дека во тек е истрага, додавајќи дека досега нема доказ за небрежност. Според извештаите на локалните медиуми, сите 13 новороденчиња биле родени предвремено. Во јули 27 прерано родени бебиња почина во рок до две недели во болница во Анкара. (AФП, новинска агенција Анадолу - 22/09/08)