Башеску вели дека правдата е „скоро луксуз“

22/09/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- На конгресот во организација на романскиот Сојуз на центри за медијација во петокот (19-ти септември), претседателот Трајан Башеску рече дека правдата стана „скоро луксуз“ за многумина, бидејќи претставува комплициран и скап процес. Башеску инсистираше на тоа дека романското судство би можело да стане поефикасно со медијацијата и со избегнување на серии судски парници кои би можеле да бидат решени надвор од судот. Во минатото тој рече дека за да заврши следењето на правниот систем од страна на Европската комисија, судството мора да се деполитизира. (Nine O'clock - 22/09/08; Hotnews.ro - 19/09/08)