22/09/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Полицијата во саботата (20-ти септември) уапси шест лица за кои се верува дека се поврзани со нелегална трговија со оружје. По рациите на шест локации во главниот град, властите запленија муниција и експлозиви. Апсењата беа дел од серијата координирани активности со полицијата во соседна Албанија, каде што властите уапсија пет лица и запленија 15 пиштоли, како и муниција. (Коха диторе, Експрес - 22/09/08; Кохавижн, Топ ченал - 21/09/08)