22/09/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Премиерот Никола Груевски во неделата (21-ви септември) рече дека засега „нема ништо ново“ за евентуалното признавање на Косово од страна на Македонија. Неговиот коментар беше одговор на неодамнешните извештаи, според кои наскоро ќе следи признавање. „Владата внимателно го следи процесот и ние постапуваме во согласност со нашите државни интереси. Во комуникација сме со сите наши партнери во НАТО и ЕУ и, ако има нешто ново, ќе го објавиме, но засега немаме ништо ново“, рече Груевски. Неодамна високи владини претставници од Демократската унија за интеграција навестија дека Скопје наскоро ќе ја признае независноста на поранешната српска покраина. (Данас - 22/09/08; Maкфакс, МИА - 21/09/08)