Цветковиќ го поддржува едностраното усвојување на трговскиот договор со ЕУ

22/09/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Премиерот Мирко Цветковиќ во саботата (20-ти септември) вети поддршка за можното еднострано усвојување на трговскиот договор со ЕУ, иако министрите за надворешни работи на ЕУ не дадоа зелено светло за ратификацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација на Србија за време на состанокот минатата недела. Усвојувањето на трговскиот договор од страна на Србија ќе значи укинување на неколку ограничувања и намалување на царинските давачки. Мотивот на владата е тоа што ЕУ веќе во голема мера ги отвори своите пазари за српските извозници и олеснувањето на царинскиот режим со членките на ЕУ ќе привлече дополнителни инвестиции. Министерот за економија, Млаѓан Динкиќ, го поддржа ставот на Цветковиќ и рече дека Србија треба да стори сé што може за да ги оствари стандардите на ЕУ. (Блиц, Бета - 20/09/08)