Амнести интернешнал вели дека Романија ги снабдувала со оружје Ирак и Брегот на Слоновата Коска

19/09/2008

ЛОНДОН, Велика Британија -- Романија ги снабдувала со воена опрема Ирак и Брегот на Слоновата Коска во изминатите неколку години, објави Амнести интернешнал во извештајот од четвртокот (18-ти септември). Во документот, во кој се критикува „слабо регулираната“ ситуација на светската трговија со оружје, се тврди дека Романија му продала четири хеликоптери за напад на Брегот на Слоновата Коска. Други земји кои извезуваат оружје во контроверзните држави се Белорусија, Русија, Бугарија и Украина, вели организацијата со седиште во Лондон. Амнести интернешнал ги повика светските водачи да усвојат правило со кое ќе им се забранува на земјите да извезуваат оружје во земјите каде што постои ризик дека истото ќе им помага на владите да вршат сериозно прекршувања на меѓународно признаените човекови права. (Зиаре, Hotnews.ro - 18/09/08)