Директните разговори за повторно обединување на Кипар ќе продолжат во октомври

19/09/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- Директните разговори за повторно обединување помеѓу кипарскиот претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, ќе продолжат на 8-ми октомври, објави портпаролката на ОН Мари Окабе по состанокот помеѓу двајцата водачи во Никозија во четвртокот (18-ти септември). Разговорите се фокусираа на управувањето и поделбата на власта, рече Окабе. Состанокот, на кој не присуствуваа медиумите, беше трет од започнувањето на директните разговори помеѓу двете заедници на почетокот од септември. (веб-страница на ОН, Нафтемборики, Ксинхуа, ДПА, Фамагуста газете - 18/09/08)