ЕУ ја повика Албанија да се бори против одгледувањето дрога

19/09/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Еден од условите што Албанија мора да ги исполни за да добие договор за визна либерализација со ЕУ е да ги запре сите нелегални одгледувања на дрога, рече заменик-претседателот на Европската комисија, Жак Баро, во четвртокот (18-ти септември). Баро го изјави ова на прес-конференцијата во Брисел, каде што го претстави тековниот план на ЕУ за борба против трговијата со дрога низ целиот Балкан, вклучително и Албанија. За време на состанокот со албанскиот министер за надворешни работи, Лулзим Баша, претходно оваа недела Баро му рече на Баша дека „ова е едно од прашањата за кои нашите барања се големи. Сакаме Албанија да биде ефикасна во борбата против одгледувањето и производството на наркотици“. (Toп ченал, Клан, Алсат - 18/09/08)