Хрватска презема чекори за искоренување на корупцијата на високо ниво во универзитетите

19/09/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Полицијата уапси повеќе од 90 лица во четвртокот (18-ти септември), меѓу кои и некои познати професори и Деса Мликотин-Томиќ, претседателката на парламентарната група за судир на интереси, како дел од операцијата против корупцијата на универзитетите и колеџите. Операцијата Индекс започна во 06:30 наутро по локално време и ги опфати факултетите за транспорт, економија и машинскиот факултет при Загребскиот универзитет. Полицијата приведе на сослушување вкупно 95 луѓе, вклучително и 21 професор, тројца асистенти и тројца универзитетски администратори, соопшти главниот обвинител Младен Бајиќ. Останатите осомничени се студенти и други лица од јавноста. Полицијата спроведе рации на повеќе од 100 куќи, автомобили и канцеларии од почетокот на годинава. Тие велат дека некои професори ги терале студентите да плаќаат помеѓу 400 и 2.000 евра за да положат испит. Запишувањето, наводно, чинело 9.000 евра. (Index.hr, ДПА, ХРТ - 18/09/08)